Реклама
Наши ѕвезди

Боки целиот во злато, ужива на слобода за сите пари – комбинација од 20.000 евра, ги шокираше сите

Боки му се врати нна стариот живот

Реклама

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, најави уште едно гостување кај јутуберот Стефан Лазаров.

Шоуменот кој неодамна беше целосно ослободен од обвинението во аферата „Рекет“, сега ужива во деновите на слобода, а неговото гостување кај Лазаров предизвика вистински потрес во целиот регион.

Тој зборуваше за затворските денови, но и за многу други теми споменувајќи и некои имиња од политичкиот живот.

Маркетинг

Но покрај неговите изјави, она што не можеше да помине незабележано беше и неговиот стил кој повторно блескаше од гламур.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров

Имено, Боки како во емисијата така и на социјалните мрежи покажа дека знае да ужива во животот, и тоа за сите пари.

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека тој не штети пари кога се во прашање облека и модни додатоци, а во своите плакари поседува некои од најскапите парчиња што им се омилени и на холивудските ѕвезди.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров

Тој во подкастот зборуваше и за својата скапа облека која му беше одземена, но очигледно тој повторно си ја обнови колекцијата.

Фото: Инстаграм/ Боки 13

Па така во изминатиов период можевме да го видиме со неколку луксузни чанти како се шета низ градот, но и со скапоцен накит.

Фото: Инстаграм/ Боки 13

И секој од овие модели чини илјадници евра, а воопшто не е евтин и накитот што го носи и со кој неодамна направи едно селфи.

Фото: Инстаграм/ Боки 13

Како што објави српскиот Курир, во прашање се две картие нараквици од злато – од 8.000 евра и од 8650 евра, како и van „klif & arpels“ од бело злато и седеф од „само“ 4.500 евра, а тука е уште една од истиот бренд и со иста цена. И ако ги собереме овие суми, па ја додадеме и останатата облека, па и скапоцената чанта што ја носеше, ќе дојдеме до цифра поголема од 20.000 евра што Боки ја носи на себе.

Фото: Принтскрин

Потсетуваме, Боки помина неколку години во затвор, но беше пуштен да се брани од слобода заради здравствени причини.

Фото: Принтскрин

Тој исто така доби ослободителна пресуда за аферата „Рекет“ од Апелациониот суд, па така сега бизнисменот Орце Камчев ќе мора да ги плати трошоците за тужбата на Бојан Јовановски и Катица Јанева.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Сега бизнисменот ќе мора да им плати оштета на Боки и Јанева, но и да ги плати судските трошоци.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button