Сопругата на Таско повторно е бремена – пред една година добија син, а еве што ќе биде второто
Познатиот рапер од Македонија соопшти прекрасна вест.
Сопругата на Таско повторно е бремена, а го открија и полот на бебето.
Кристијан Тасковски во јавноста познат како Таско се вбројува во најпопуларните македонски музичари во моментов.
ФОТО: Инстаграм / Таско
Иако релативно млад започна да ја гради својата музичка кариера, досега може да се пофали со многу хитови и концерти.
Неговата музика се слуша и во регионот, каде има соработки со најголемите балкански ѕвезди.
ФОТО: Инстаграм / Таско
Пред да заплови во брачните води, никогаш претходно јавно не зборуваше за својот приватен живот.
Иако е сон на многу девојки, клучот од неговото срце го има само Таша Реј.
ФОТО: Инстаграм / Таско
Минатата година Таша и Таско направија буквално свадба од соништата на која присуствуваа многу познати личности од земјава и Балканот.
Истата година им се роди првото дете, синот Лукијан.
ФОТО: Инстаграм / Таско
На поткастот на Лазаров Таско раскажа дека извесно време се труделе да добијат дете, после што биле благословени со Лукијан.
Парот на социјалните мрежи соопшти прекрасна вест.
Таско и Таша очекуваат второ дете.
ФОТО: Инстаграм / Таско
На својот Инстаграм, Таско објави видео на кое со сопругата преку торта го откриваат полот на бебето, а покрај нив има и ехо снимки од второто бебе кое го очекуваат.
Овој пат парот очекува девојче.
„Те чекаме наше девојче“ напиша Таско на Инстаграм.