Исплива старо видео од Сузана Гавазова, нема да ја препознаете – ќе се изненадите и од овие фотки
Еве како изгледала пред 20 и кусур години
Сузана Гавазова уште од самото појавување на јавната сцена привлекува внимание како со својот глас, така и со имиџот
Таа многупати досега покажала дека нема проблем да експериментира како со својот стил, така и со фризурите, а понекогаш нејзините потези навистина знаеле да бидат и поприлично радикални.
Па така денес малкумина се сеќаваат дека Гавазова некогаш била и русокоса, а сега исплива и едно старо видео на кое со пократка фризура.
Имено, на социјалните мрежи се уште се вртат нејзините провокативни изданија на кои е со многу посветла нијанса на коса, а пејачката на својот Инстаграм сподели и едно видео на кое е црнка, но кое исто така е од нејзината младост и на кое изгледа поприлично с*кси.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Станува збир за стара снимка на која таа ја пее песната Стар ерген во која таа носи тесен фустан со животински дезен.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Потсетуваме, Гавазова е родена на 21 декември 1979 година и потекнува од струмичкото село Сушица.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа кариерата ја започнува со групата Пицикато и првиот професионален настап го има на Фолк фест Валандово во 1998 година.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова и во следните неколку години продолжува да соработува со оваа група со која на почетокот од својата кариера ќе издаде два албуми за издавачката куќа Сенатор Битола.
Фото: Фејсбук/ Сузана Гавазова
Нејзиниот прв соло-настап се случува пред точно дваесет години, односно во 2004 година, повторно на валандовската сцена.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова во текот на својата кариера има настапувано со различни бендови, а моментално заедно со Молика е на турнеја во Австралија.
Фото: Инстаграм/ Мишел Трајковски
Како изгледаше Гавазова на почетокот од својата кариера, додека настапуваше со Пицикато, погледнете во продолжение…