Еве како изгледа Калиопи БЕЗ ГРАМ шминка – ќе се изненадите, ова е тајната на нејзината убавина
Ваков шарм ретко кој поседува
Таа е една од нашите најдобри пејачки
Калиопи Букле (57) важи за една од нашите најпознати пејачки, а позната е и по својот природен изглед со кој мами воздишки.
Таа е една од ретките ѕвезди како кај нас, така и на целиот Балкан, која многу често можеме да ја видиме без грам шминка на лицето.
Калиопи преферира природен изглед, па и кога е нашминката, тоа секогаш е суптилно и никогаш не е „ту-мач“.
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Тоа впрочем можеме да го видиме и од нејзините последни фотографии со кои покажа дека и без и со шминка изгледа прекрасно.
Таа е една самоуверена жена која не се крие зад тешките наслаги шминка, но и една од ретките претставнички на понежниот пол кои и во шестата деценија имаат толку убаво и мазно природно лице на кое воопшто не му треба разубавување.
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Од друга страна пејачката и гордо го истакнува својот младешки изглед за кој е виновна само природата и генетиката.
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Како што самата изјави во една пригода, изгледа убаво благодарение на генетиката, но и на одличните шминкери со кои соработува.
Фото: Инстаграм/ Калиопи
И за разлика од младоста кога користела многу повпечатлива шминка, таа сега знае да им се предаде во рацете на вистински уметници кои знаат како максимално да го истакнат нејзиниот шарм.
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Преку ден минимално се шминка, но да бидеме искрени, Калиопи и кога е без грам шминка е вистинска убавица.
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Погледнете ги и останатите фотографии на кои пејачката на еден од најголемите хитови на Балканот („Бато“) блеска со својата убавина како и на самиот почеток од својата кариера.