Македонската Гранд ѕвезда прв пат искрено за својот здравствен проблем со кој се соочува (фото)
Не крие дека овој проблем и прави пречки
Последнито настап на Андријана Петрушовска предизвика хаос во „Ѕвездите на Гранд“, посебно заради коментарот на Саша Поповиќ.
Имено, Андријана тогаш беше болна, па не можеше да даде сѐ од себе на сцената, по што Поповиќ пред камерите и предложи да оди да направи операција на грлото, односно да ги извади крајниците.
Тогаш Цеца веднаш се вмеша и му порача дека тој е последниот што треба да ја советува за такви работи, по што настана расправија (види тука), а по настапот и самата Андријана пред камерите на „Гранд.онлајн“ се огласи и ја коментираше целата ситуација.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Како што самата откри, таа е презадоволна од својот настап и покрај тоа што имала проблеми со грлото.
Од друга страна и заради проблемот со кој се соочува, имала и малку трема затоа што немала потполно контрола над својот глас и затоа што грлото на еден начин и претставувало пречка.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
„На некој начин тоа е кочница, но на крај се опуштив и беше океј“, изјави таа и додаде дека успеала да го совлада стравот.
Како што и самата појасни, таа овој круг морала да избере песни што ќе може со своето грло да ги изнесе на вистинскиот начин, а во тоа имала и голема помош од својот ментор, Александар Милиќ Мили.
„Мики ми рече да пеам комерцијална музика, затоа што немам толку време да се подготвам, посебно заради драмата со крајниците“, изјави пејачката за „Гранд.онлајн“.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Потсетуваме, Андријана во сите свои претходни настапи во шоуто блескаше на сцената, а така беше и на својот последен настап.
Проблемите со нејзиното грло малкумина ги забележаа, можеби само професионалците, а Цеца тогаш порача дека Македонката и покрај тоа што била болна подобро звучела од другата девојка.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Така беше и во претходниот круг, кога Андријана со една од песните што ги изведе посебно ја задоволи македонската публика.
Еве што изјави таа тогаш по настапот за Гламур магазин:
“’Лихнида кајче веслаше’ од маестралниот Ефто Пупиновски беше песната за која имав огромна одговорност при изведбата. Сакав да ја пренесам на мојата публика и целиот Балкан на начин на кој што ја доживувам… полна со емоции!“ вели таа и додаде:
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„На крајот на денот, најважно е на публиката да и се допадне, што според тоа што го добив како feedback мислам дека успеав и овој пат да ги придобијам срцата на моите Македонци, а пред се со изведбата на “Лихнида кајче веслаше” изјави тогаш Петрушовска, а како звучеше и изгледаше, погледнете во продолжение…
Погледнете го и овој сјаен настап на Андријана…