Еден детаљ од станот на Анета Љумаковска што сите го забележаа – ова никој не го знаеше за неа!
Пејачката во издание што ги воодушеви сите
Изгледа беспрекорно во секое свое издание
Нашата позната пејачка Анета Љумаковска во последно време многу често е активна на социјалните мрежи, а една од нејзините последни објави привлече големо внимание кај нејзините фанови.
Имено, пејачката се фотографираше пред огледалото во ходникот во нејзиниот дом и покажа како се стокмила, но она што посебно привлече внимание беше детаљот што пејачката го има на својот ѕид.
Станува збор за голем портрет на кој е пејачката, но само со долга и потемна коса, каква што беше до неодамна.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Но Анета пред неколку недели реши да направи промена и заплови во светот на русокосите, а ова нејзино издание сите ги воодушеви.
Како пејачката изгледа сега, но и како изгледаше пред неколку години, со шишки и во едно „необично“ издание, погледнете од нејзините фотографии во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пејачката за пластичните корекции
Потсетуваме, Анета во една прилика отворено зборуваше за тоа дали некогаш правела естетски корекции на себе.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Имено, водителката на „Тренд лајф“ тогаш беше на гости кај неа, кога Анета се уште беше во брак со Џими Мицевски, а Анета пред камерите изјави дека правела пластични корекции и дека нема зошто тоа да го крие. Но како што самата откри, правела интервенција на устата која со тек на време се стопила, па сега нема ништо од тоа.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
„Не знам дали ќе направам пак нова, мислам дека природно си е природно“, истакна тогаш нашата позната фолк-дива во споменатата емисија, додавајќи дека правела и на брчките и јаболкниците, но дека и тие со тек со време се стопиле и дека лицето повторно и станало како и пред да ги направи интервенциите.
„Не сум за трајни силикони и такви нешта“, изјави тогаш Анета.