Ќерки манекенки: Погледнете какви убавици се наследничките на македонската пејачка
Во која човек попрво да гледа.
Двете ќерки ја наследија убавината од мама Наташа.
Кавадарчанката Наташа Малинкова уште од своите тинејџерски денови е дел од македонскат музичка сцена.
ФОТО: Инстаграм / Наташа Малинкова
Најпрво како дел од бендот „Багаж“, а потоа продолжи со својата соло кариера.
Наташа е една од нашие најзгодни и најубави пејачки.
ФОТО: Инстаграм / Наташа Малинкова
Се чини како времето да стои за неа, од година во година игледа сѐ подобро.
На цена е лавица, а дома грижлива и посветена мајка и сопруга.
ФОТО: Инстаграм / Наташа Малинкова
Таа и нејзиниот сопруг Кире Малинков се запознале уште како многу млади и веќе 2 децении успешно пловат во брачните води.
За него вели дека ѝ е најголема поддршка, секаде оди со неа и многу ѝ помага во градењето на кариерата.
ФОТО: Инстаграм / Наташа Малинкова
Она што можеби малкумина го знаат е дека сестра на Кире е познатата фолк-пејачка Ани Малинкова, па така Кире уште од претходно имал искуство како е да се минува животот со некој кој е дел од естрадата.
Круна на љубовта на Кире и Наташа, се нивните две прекрасни ќерки, Султана и Емилија.
ФОТО: Инстаграм / Наташа Малинкова
И двете не сакаат многу да се експонираат во јавност, но мама понекогаш знае да сподели нивни фотографии.
Од фотографиите може да се види дека и двете пораснале во неверојатно убави девојки.
ФОТО: Инстаграм / Наташа Малинкова
По повод роденденот на својот сопруг, Наташа сподели една семејна фотографија од нивното летување.
Наташа изгледа како да им е сестра на Султана и Емилија и сите три го одземаат здивот со убавината.