Нашата позната водителка ни откри мала тајна со која девојките би изгледале послабо и поубаво (фото)
Мала тајна со која секоја жена би изгледала шик
Еден од омилените модели на фармерки на многу жени
Познатата водителка Елена Најдоски се појави во омилениот модел на фармерки кои им стојат убаво на сите жени, и што е најважно, телото визуелно го издолжуваат и во нив изгледате послабо.
Станува збор за фармерки со ногавици кои во долниот дел се шират, а кои Елена ги носеше со кошула со сино-бели риги.
Водителката која никогаш не греши кога е стилот во прашање, ова свое издание го заокружи со патики, но и со голема чанта од познат бренд каква секоја жена би посакала во својот плакар.
Фото: Инстаграм/ Елена Најдоски
Фотографиите се направени во Грција, така што Елена објави фотки и од плажа каде блескаше во ова свое издание под зајдисонце.
Познатата водителка добро знае дека „ѕвонарките“ се најдобар и најлесен начин за жените што сакаат да изгледаат витко, а предноста на овој модел со висок струк е и во тоа што го крие вишокот на стомакот.
Фото: Инстаграм/ Елена Најдоски
Покрај овие предности, ваквите фармерки можете да ги носите и во најразлични изданија бидејќи изгледаат подеднакво добро речиси со сé што имате во плакарите. Можете да ги носите со дуксери, блузи, кошули, маици, топови, но доколку сакате да добиете фигура на песочен часовник и да изгледате „послабо“, препорака на модните гуруа е горе да носите нешто потесно или барем нешто што можете да го ставите во нив, како што тоа го направи и Елена со ова свое издание. Таа исто така избра и модел со скинат детаљ на коленото кој на целото издание му додаде урбана нијанса и дополнителна „доза“ елеганција.
Фото: Инстаграм/ Елена Најдоски
Во продолжение погледнете уште една комбинација на Елена со истата чанта и истите спортски патики.
Фото: Инстаграм/ Елена Најдоски
Фото: Инстаграм/ Елена Најдоски
Фото: Инстаграм/ Елена Најдоски
Па, кое од овие две изданија на Елен ви се допаѓа повеќе?