Самохрани мајки, разведени жени, разочарани девојки наоѓаат утеха во мене – искрено со КРИСТИНА ДИМИТРИ
Се случило да не следат со кола, па да сакаат шест пати да се сликаат само за да ме гушнат пак, вели пејачката
Таа е една од најатрактивните пејачки кај нас, а богами ако размислиме подобро одлично им парира и на колешките од соседството. Секогаш уникатна и посебна, на нејзините настапи нема каде да се фрли игла. Расположени и распеани личности, весела атмосфера, Кристина Димирти и тоа како знае да направи шоу.
Со самото впечатливо појавување каде и да стапне, самодовербата која ја краси и убавиот глас Кристина е вистинска ѕвезда.
Млада мајка која е одлично псоеветена на синчето, но не ја запоставува кариерата. Неодмана Кристина го привлече вниманието откако кажа јавно дека е заљубена. Преку ова интервју дознавме кој е избраникот и како се запознале, ни открива и за новата музика на која што работи и многу други интерсни работи кои не ги знаете.
Уживајте!
1. Кој е најсреќниот ден од вашиот живот? А, што ве прави среќна?
– Најсреќниот ден во мојот живот е кога го донесов на свет мојот син. Среќна ме прават: син ми, време со саканите, неделен ручек со фамилијата, време поминато во планина, добри луѓе, патувања со сакана личност, создавање нова музика, разменување енергија со публиката на анстапите и уште многу ситници што значат многу.
2. Дали сте ги исполниле сите големи планови во животот или постои тој најголемиот предизвик кој се уште не сте го реализирале?Кој е тој?
– Хм, искрено се што сум замислила до сега ми е остварено, но секогаш поставувам нови цели. Постои една работа која ми е најголема желба, но не ја откривам кога ќе ми се исполни ќе споделам хехе.
3. Неодамна откривте дека сте заљубена. Ќе ја има ли Гламур честта да дознае барем нешто за вашиот партнер што досега јавноста не го знае.
– Мојот партнер го запознав во Белград, првиот миг ми кажа: Ти си та, то је то!
Нешто што би открила повеќе за вас е дека животот го сменил, тој самиот се променил, се заљубил вистински и за прв пат сака! И од цел живот ергенски сега е посветен, верен, лојален за прв пат… Иако звучи клише, ама вистиниото, ние сме две тела, а една душа. Доста е толку, останатото за друг пат. Сега одлучив да го кријам приватниот живот затоа што е време за музика.
4. Како вашиот партнер го прифати вашето синче Давид?
– Најбитно за мене е мојот син да го прифати мојот партнер првенсствено, а потоа се е едноставно.
5. Дали е тешко да се биде самохран родител во 21 век? Кои се најголемите проблеми со кои се соочувате?
– Многу е тешко да си самохрана мајка доколку немаш семејство, какво што имам јас (фала му на бога). Имам златно семејство, така што Давид е мазен, пазен, чуван, како капка вода во пустина. Кој и да го запознае кажува дека е дете кое е толку позитивно и полно со љубов …тоа е за меен голем успех.
6. Дали Скопје е убав град за растење на дете?
– Мислам дека не постои лошо место за растење дете, постои само лош родител, семјство.
7. Како Давид го доби своето име?
– Кумот имаше желба да се вика Кристијан , но ете падна договор на крајот името Давид, бидејќи е интренационално и е слично со името на мојата мајка. А Давид и мојата мајка се best friends -неразделни.
8. Во една прилика ќе кажете дека таткото на Давид не го гледа сопствениот син.. Еден совет до сите мајки кои се соочуваат со истото. Како го пребродувате тоа, какви одговори наоѓате на сите прашања на Давид (знаеме какви се децата денес).
– Ух… многу често ми пишуваат девојки, жени дека наоѓаат утеха во мене и како им нудам инспирација како една млада силна жена.
Различни ситуации се во прашање, но секогаш велам се додека веруваме во господ не сме сами и треба да се избориме без страв со секој лош предизвик.
9. Која е формулата за вашиот совршен изглед? Како се одржувате во форма?
– Благодарам на комплимент. 50 % гени, а во последните две години сме скарани со теретаната поради немање време, но се трудам исхраната да ми биде балансирана. Не патам од тоа доколку некогаш качам плус некој килограм брзо го симнувам.
10. Да зборуваме и за мода. Секогаш сте ултра модерна и екцентрична. Кој се грижи за вашиот изглед?
– Модата е мојата прва љубов…имам соработки, а за големи концерти, настани за мене се грижи најдобриот Златко Јовановски.
11. До каде сте со нова музика? Имате ли да ни најавите нешто?
– Секако, следува кавер кој ќе го снимаме со Дако Димитров наш, а светски. За видеото ќе се погрижат Sneak Media od Srbija.По таа преработка мајавуваме настапи кои веќе ги спремаме.
12. Постојано имате настапи низ целата земја. Споделете со нас некоја интересна ситуација од некој настап.
– Леле кога ќе се сетам постојано има анегдоти, има навистина смешни ситуации, на пример се случило да не следат со кола, па да сакаат шест пати да се сликаат само за да ме гушнат пак хахах, па имало и запросување, интерсно ми е што забележувам дека има одредени луше кои секогаш се на мој настап, секаде ме следат без разлика во кој град настапувам и ќе ми направат колаж од секој град , многу убаво …