Шеф Марк во нова авантура – познатиот готвач јаваше магаре
Познатиот македонски готвач се впушти во нова интересна авантура.
Марк се качи на магаре и предизвика бура реакции на Инстаграм.
Македонскиот готвач Марк де Јонг и неговата сопруга Василка обожаваат да патуваат и ја користат секоја можност да заминат некаде.
ФОТО: Инстаграм / Марк Де Јонг
Вљубеници се во потоплите предели и најчесто одат таму каде што има сонце и море.
Не ги држи место и постојано се на различна дестинација.
ФОТО: Инстаграм / Марк Де Јонг
Тие се доказ дека годините се само бројка и дека цел живот има време за уживање и забава.
Марк, кој беше дел од популарното кулинарско шоу „Брза кујна“, својата романтична страна често ја покажуваше и јавно пред камерите.
ФОТО: Инстаграм / Марк Де Јонг
Дури и во емисија ја поздравуваше својата сакана и упатуваше пофалби за нејзиното готвење.
За потребите на проектот на кој работи, насловен „Авантурите на Марк“, Марк и Василка често посетуваат различни места во Македонија.
ФОТО: Инстаграм / Марк Де Јонг
Овој пат парот замина на поегзотично место – Мароко.
Оттаму готвачот сподели видео со кое ги засмеа своите следбеници.
ФОТО: Инстаграм / Марк Де Јонг
Тој јавна магаре кое му помогна да искачи угорнина.
Под видеото веднаш се редеа лајкови и коментари.