Еве зошто шармот на Елена од Сител ги маѓепсува сите Македонци – важи за една од најубавите водителки
Елена Стојановска-Јанковска (43) е една од нашите најпознати, но и омилени и најубави лица од малите екрани
Неодолив поглед и природна убавина
Елена е една од нашите најпознати ТВ водителки, а не престанува да привлекува внимание и на социјалните мрежи.
Оваа прекрасна млада дама ги воодушевува сите со својот природен шарм, но и со беспрекорно затегнатото тело.
Што и да облече Елена изгледа божествено, а тоа може да се забележи и од ова нејзино пролетно издание.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Имено, водителката неодамна позираше во бел фустан со долги ракави и црвени високи потпетици и никого не остави рамнодушен.
„Пролет, јас сум спремна“, напиша таа под фотографиите направени на една од раскрсниците во Скопје, а внимание привлече и со фустанчето од џинс со кое повторно блесна во сиот свој сјај на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
И двата фустани и стоеја како да беа специјално за неа сошиени, а коментарите што ги доби кажуваат што мислат фановите за неа.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
„Елегантна како и секогаш, секоја чест“, „Уф колку си згодна“, „Згодничка“, „Убавица“ беа само некои од нив.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Но Елена покрај овие две елегантни пролетни комбинации покажа како изгледа и во хеланки и балетанки, откривајќи дека наместо теретана, својата форма ја одржува со вежбање балет.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
„Балет, затоа што теретана е многу лесно“, напиша Елена во коментарите. Како таа изгледаше и во ова издание, погледнете во продолжение…