Македонка со песна од Брена растури на сцената, но погледнете што ѝ направи Саша Поповиќ (видео)
Повторно заврши во бараж
Еве што вели Петрушовска за својот последен настап
Андријана Петрушовска и покрај тоа што беше извонредна на сцената, на крај мораше да замине во бараж.
Таа настапи веднаш по Мики Секуловски, во дуел со Антонија Черкез која исто така имаше феноменален настап
И бидејќи и двете освоија по шест гласови, на крајот настапија и со акапела, а резултатот повторно беше изедначен.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Од овие причини Саша Поповиќ реши да фрла „паричка“, така што Андријана немаше среќа и мораше да оди во бараж.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Андријана по настапот за „Гранд“ откри дека ќе биде позитивна и во баражот, но и дека воопшто не и е криво што Антонија имала повеќе среќа затоа што е супер девојка, а таа се надева на позитивен резултат во баражот. Впрочем така и се случи….
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, Андријана се кандидираше за следниот круг од баражот, а како звучеше нејзината изведба на позната песна од Лепа Брена, но и генијалната акапела на познатата македонска песна, „Со маки сум се родила“ од легендарната пејачка Вања Лазарова, погледнете и слушнете од видеото во продолжение…