Уште еден пејач од Македонија што звучи вонсериски во „Ѕвездите на Гранд“ – Мики има конкуренција!
По Мики Секуловски и ова момче направи лом со својот последен настап во популарното шоу
И двајцата добија максимален број гласови
Бобан Боле Лазиќ (33) кој минатата емисија направи хаос во „Ѕвездите на Гранд“ расправајќи се со Саша Поповиќ, но и со останатите членови на жирито, ова сабота беше во дуел со младиот пејач од Македонија, дваесет и двегодишниот Омар Џаферовски. Тие и двајцата освоија максимален број гласови, по што следуваше акапела во која Омар беше многѕ подобар и помина во следниот круг.
Но бидејќи Бобан во претходната емисија кога настапи во дуел со велешанецот Мики Секуловски се испокара со жирито и истакна дека неговото постоење на сцената губи смисла, Поповиќ овој пат реши менторите воопшто да не ги коментираат нивните настапи.
Имено, по акапелата во која Омар настапи со песната „Мајка“ од Аки Рахимовски за која доби пет гласа, Поповиќ изјави.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Менторите нема ништо да ги прашам. Бобан, што се однесува до мене беше добар, а на тебе ти честитам што помина во следниот круг“, му честиташе поранешниот директор на „Гранд“ на пејачот од Македонија.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Што се однесува до Боле, тој мораше да настапи во бараж, исто како и уште една пејачка од Македонија, а Саша Поповиќ повторно ја имаше најтешката задача помеѓу сите одлични кандидати кои повторно настапуваа да одлучи кои ќе одат понатаму.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
И Боле и Андријана поминаа во следниот круг, заедно со уште седум други пејачи кои исто така поминаа од бараж.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Целата емисија погледнете ја во продолжение…