ЏОКЕР менува пелени од прв ден, тој е одличен татко и сопруг – искрено со АНТОНИА
Ми излезе листа на имиња на машки деца на Тик Ток и прво на очи и на срце ми дојде името Киан - вели пејачката.
Една од омилените македонски пејачки на новите генерации, девојка/жена која е главна модна инспирација за храбрите жени, таа е поим за успешно експериментирање со актуелните модни парчиња. Млада мајка со мало дете која е активна со нова музика, спотови, редовни настапи низ целата земја.
Како Антониа Гиговска успева да стигне се?
Оваа енергична дама неодмана беше и преубава невеста. Таа со својот избраник Роберт Спасенцовски -Џокер оваа година ја крунисаа својата љубов со отмена венчавка.
Парот минатата година го доби синчето Киан.
Поминавме едно убаво попладне и пријатен разговор со убавата Антониа, уживајте во разговорот.
1. Најнапред да ви честитаме за вашиот прв албум „2001“, да ви честитаме и за прекрасната свадбена церемонија … многу честитки, многу убав период. Како се чувствувате?
– Благодарам многу! Се чувствувам супер, свежо и спремна за нови проекти и предизвици.
2. Вашата свадба беше поим за гламур. Колку време ја подготвувате, се чини како да сте мислеле на секој детаљ. Раскажете ни малку повеќе отколку подготовките, дали лесно течеа одлуките за тоа каде ќе биде свадбата, во која црква, кој ќе свири, каква ќе биде тортата и сл.?
– Ја подготвувавме 3 месеци, подготовките си течеа лесно затоа што почнавме на време и немаше тензија. Прво на ред беше музиката па сè останато. Брзо се решивме и за ресторан, а декорациите ги оставивме за крај.
3. Носевте две венчаници. Каков беше процесот за изборот на невестинскиот фустан.
Дали од дете мечтаевте за ваков фустан? Зошто ја одбравте Коцарева?
– Точно! Сакав да имам две венчаници една долга и една кратка. Сакав да сум уникатна и сакавме да се приближам до мојот стил најмногу што можам. Коцарева ми помогна за истото! А зошто баш таа? Веќе и самите видовте!
4. Вие сте една од ретките македонски пејачи кои активно создава музика, постојано сте на настапи, а дополнително мајка сте на мало дете. Како успевате да ги организирате сите обврски дали е тешко?
– Ух, успеваме затоа што имаме поддршка од нашите родители. Без нив сигурно би одело потешко, меѓутоа кога се сака сè се може.
5. Дали сопругот ви помага? Менува ли Џокер пелени? Сега имате прилика јавно да го пофалите или искритикувале😊
– Сопругот помага и Киан многу го сака татко му. Тој е супер татко и менува пелени уште од самиот старт без проблем!
6. Антониа како е да се биде мајка?
– Преубаво! Незаменливо е чувството навистина. Уживам во секој момент!
7. Опишете ни каков е вашиот син? Дали е мирно дете?
– Киан е мило и паметно детенце(барем така нам ни личи за овие 8 скоро 9 месеци). Оди кај секого, многу сака да се гушка, сака да ручка, сака да се гали, сака да свири и да пее (дава знаци барем) хаха … Јас претходно си замислував какво детенце сакам да имам и баш такво си имам! 🤗
8. Споделете со нас некоја анегдота што ја направил на која сте се изнасмеале слатко?
– Ух … тој секојдневно прави глупости, веќе не е малечок и разбира се. Меѓутоа знае сам себе да се измоча од горе до долу и самиот да си се смее на тоа што го направил, ете тоа би го издвоила како смешен момент.😂
9. Како Киан го доби своето име?
– Ми излезе листа на имиња на машки деца на Тик Ток и прво на очи и на срце ми дојде името Киан. Името значи крал на персиски.
10. Сè уште постојат медиуми кои знаат да ве поврзат со Иван Јованов, ви пречи ли тоа сега кога секој од вас си има посебен живот?
– Неминовно е тоа дека Иван бил дел од мојот живот и тоа никој не треба да го избрише, ниту јас ниту тој, но веќе двајцата си имаме свои животи, тој жена, веќе и дете, јас маж и дете, така што би било супер ако го оставиме минатото зад нас(како ние така и медиумите) и да се фокусираме/те на нашите проекти, песни, спотови, на нешто кое е навистина важно.🤗
Нормално дека веќе ни пречи како на мене и на мојата фамилија така и на него и на неговата фамилија, верувам.