И во шестата деценија изгледа како божица – нашата водителка се соблече и покажа колку е добра
Еве што и треба на Лила
Познатата водителка Лила Филиповска важи за една од најатрактивните жени меѓу познатите дами во нашата земја.
Таа тоа го потврдува секојдневно и со своите објави на социјалните мрежи, но и со изданијата со кои блеска во своето ТВ шоу.
Имено, водителката на „Сé или нешто“ пред камерите секогаш е стокмена од глава до пети и изгледа како светските ѕвезди.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Но таа и кога не е пред камерите плени, посебно кога сака со провокативни фотки да ги изненади своите фанови.
Тоа можеме да го видиме и од нејзината најнова објава во која таа позира во костим за капење додека во позадина се гледа еден од најскапите хотели на една од најлуксузните дестинации.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа позираше во опуштено издание покрај дизајнерскиот базен што се наоѓа на еден од катовите во самиот хотел.
„Потребен ми е витамин Д.. Дубаи“, напиша Лила во описот на фотографиите со кои што ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Следуваше лавина од коментари и сите се согласни дека водителката изгледа како во своите најдобри денови.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Потсетуваме, Лила неодамна се врати од својот одмор од соништата на Балите што ги посети два пати во рок од неколку месеци.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Како водителката изгледаше додека уживаше и на оваа егзотична дестинација, погледнете од фотките во продолжение…