Ова е вилата од милион евра во која живее пејачката со македонско презиме – златни детали на сите страни
Еве во каков луксуз ужива пејачката
Познатата фолк-пејачка Гоца Божиновска живее во близина на Белград во куќа од која што многумина остава без здив.
Во прашање е раскошен имот со базен и огромен двор кој веќе со години важи за еден од најубавите во населбата.
Како што самата изјави за „Гранд.онлајн“, нејзиниот ден дома изгледа како и на секоја домаќинка и мајка.
Инстаграм
„Кога не сум дома и работам сите се снаоѓаат и потоа ќе најдам куп картони од нарачување на пица“, изјави Гоца за „Гранд“.
Инстаграм
Пејачката во оваа куќа се пресели пред две децении и од тогаш ова место им стана оаза на мирот, среќа и одмор.
Таа од тогаш најмногу време минува во својот дом, каде живее со својот син Мирко, снаата Бојана и нивните деца, а како изгледа ова место, погледнете во продолжение…
Инстаграм
Во внатрешноста на домот доминираат златни детали, кристални лустери и секој детаљ е среден со љубов и внимание.
Инстаграм
Надворешниот дел целосно е ограден со висока ограда, а како изгледа ова место, погледнете во продолжение…
Инстаграм
Инаку, Гоца која денес живее на висока нога и во луксуз, како мала била многу сиромашна и морала да работи за да има за храна.
Инстаграм
Таа е родена во Србија, но македонското презиме го носи од својот татко кој по потекло е од Гевгелија.
Инстаграм
Синот и снаата на Гоца
Како што самата изјави во една пригода за „Курир.рс“, нејзиниот татко наводно бил богат додека живеел во Македонија, но оставил сé откако се оженил со нејзината мајка и решил да се пресели во Србија.
Инстаграм
„Тој имаше пет деца и се им беше оставено ним. Никогаш не прашав за тоа, ниту ме интересираше. Тука се снајдовме! Носев работи што ми го даваа соседите, немав што да носам“, изјави популарната пејачка во една пригода за споменатиот медиум.