Гавазова направи спектакл на својот последен настап – нашинците воодушевени, ечеа македонски песни
Една од најубавите забави на ова место
Пејачката Сузана Гавазова уште еднаш покажа зошто на нејзините настапи салите секогаш се преполни и се бара место повеќе.
Таа овој викенд имаше настапи во Германија и Швајцарија, а нејзините песни ечеа во преполните сали.
Пејачката по овие успешни осмомартовски настапи за неколку недели заминува заедно со „Молика“ во Австралија.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Тие најавуваат спектакуларна турнеја во оваа прекуокеанска земја, а нашинците веќе ги очекуваат.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
А тоа дека сите ќе си поминат лудо незаборавно можевме да видиме и од настапот на Гавазова од овој викенд.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Салите во кои што настап беа преполни, се бараше влезница повеќе, а гостите цела вечер играа и пееја заедно со музичарите.
Фејсбук/ Молика
Така беше и во Швајцарија и во Германија каде пејачката настапи, па повеќе од сигурни сме дека Гавазова е спремна да направи спектакл и во Австралија и да ги воодушеви Македонците од оваа земја.
Фејсбук/ Молика
Фејсбук/ Молика
Турнејата ќе започне во месец април, а за деталите информирајте се на Фејсбук страницата на група „Молика“.