Анета повторно настапуваше со групата „Молика“ пред Македонците во дијаспората и направи хаос
Прекрасно поминат викенд...
Гостите беа воодушевени
Групата „Молика“ позната е по тоа дека прави одлични забави и дека на нивните настапи секогаш салите се преполни.
И тоа важи како за нивните настапи во Македонија, така и надвор од земјава, а впрочем така беше и овој викенд кога екипата од „Молика“ заедно со Анета Љумаковска имаа настап во Виена и Брисел
Атмосферата беше и повеќе од добра што може да се види и од нивните објави на социјалните мрежи, а Анета едноставно блескаше во црвената креација и ги опиваше сите со својот милозлив глас.
Фејсбук/ Молика
Групата за 8-март настап во Виена, а потоа еден ден подоцна, имаа брилијантен настап и во Брисел.
Фејсбук/ Молика
Познатата битолска група заедно со една од нашите омилени фолк-пејачки цела вечер ги изведуваше најпознатите македонски песни, а нашинците од дијаспората цело време играа оро и пееја со нив.
„Прекрасно поминат празничен викенд во Виена и Брисел. Ви благодариме за преполните сали“, пишува во објавата под фотографиите од настапот на „Молика“ објавени на профилот на групата на Фејсбук.
Како изгледаше дел од атмосферата, погледнете во продолжение…
Послушајте и неколку песни од „Молика“ заедно со Анета кои се вртат на Јутјуб и кои имаат илјадници прегледи…