Еве зошто сите зборуваат за бруталниот фустан на Спировска – им го украде шоуто на пејачките
Кога се појави, никој не можеше да го тргне погледот од неа
Кога се појави, никого не остави рамнодушен
Македонската дива меѓу водителките, Ирена Спировска, ги воодушеви сите со едно од своите последни изданија.
Имено, таа на „Фолк фест Роса 2024“ се појави во впечатлива комбинација со која никого не остави рамнодушен.
Водителката за оваа посебна пригода избра долг тесен фустан во металик и црна нијанса со кој го истакна своето згодно тело.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Фустанот беше со долги ракави и зачинет со сребрени металик детали, а Ирена целото издание го зачини со црвен кармин, умерена шминка и нејзината црна преубава бујна коса стилизирана во пунџа.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Ирена буквално блескаше во ова свое издание, па следуваа бројни коментари и комплименти на сметка на нејзиниот изглед.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Таа потоа позираше во уште едена слична и подеднакво впечатлива креација, а како изгледаше и во ова свое издание, но и во уште неколку преубави свечени тоалети што убавата водителка ги носеше во изминатиов период, погледнете во продолжение…