Таа е негова убавица: Ќерката на Цаки Кисми е копија на тато
Познатиот македонски пејач објави фотографија од својата ќерка.

Цаки јавно ѝ го честиташе роденденот на својата наследничка.
Фолк-пејачот Сашо Нојкиќ познат по неговото уметничко име Цаки Кисми работи со полна пареа и не застанува.
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
Освен во Македонија, редовно настапува и во дијаспората, а публиката го обожава.
На неговите настапи забавата е загарантирана.
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
Сашо е активен на Фејсбук и таму често споделува фотографии од своето семејство.
Секогаш кога има повеќе време, го поминува со своите најблиски и во својот дом.
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
Обожава да биде во друштво со најмладиот член во семејството, внукот Јаков.
Долги години е во брак со неговата сакана Пале, со која има син и ќерка.
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
Освен како татко, се оствари и во улогата на дедо, откако неговата ќерка Милена го донесе на свет синот Јаков.
Цаки е исклучително близок со своите деца, а честопати знае да им посвети објава на социјалните мрежи.
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
На Денот на жената всушност е родена неговата Милена, па пејачот одлучи јавно да ѝ го честита роденденот.
„Среќен роденден ќерко моја убава и среќен 8 Март“, напиша Цаки во опис на фотографијата.