Македонија тагува, познатите се збогуваат од Атина Апостолова: „Ми отиде, ме напушти, замина“
Познатите личности и пријателите се збогуваат од Атина Апостолова.
На 7 март 2024 година овој свет засекогаш го напушти наштата легендарна Апотолова, доајен на македонската народна музика.
Пејачката била пронајдена почината во својот дом.
ФОТО: Принтскрин
Пејачката Вики Среброва, која беше многу добра пријателка со Атина, за медиумите кажа дека Атина неодамна имала операција на срцето.
Атина е родена на 20 Мај, 1946 година во селото, Л’к, преспанско-леринско, Егејска Македонија.
ФОТО: Принтскрин
Иако родена во преспанското село Л’к, во Егејскиот дел на Македонија, детството го поминала во Скопје.
Потекнува од музичко, многудетно семејство.
ФОТО: Фејсбук / Вики Среброва
Откако татко ѝ го забележал нејзиниот талент за музика, уште на 5-годишна возраст ја запишал во мзичко училиште.
За нејзините музички успеси говорат бројните награди и учествата на фестивалите како „Валандово”, „Цветници”…
ФОТО: Принтскрин
Во Скопје дипломирала на Економскиот факултет.
Познатите личности и нејзини пријатели се збогуваат од неа на социјалните мрежи, со емотивни пораки:
ФОТО: Принтскрин