Еве зошто овие фотографии од Благица Павловска ќе ги погледнете два пати – иста и на 65 и на 30 години
Познатата пејачка некогаш и сега
Не сте ја виделе во вакво издание
Нашата музичка легенда Благица Павловска (65) на музичката сцена е веќе со децении, а својот прв албум го има издадено во 1993 година.
Пејачката тогаш имала 35 години, а до ден денешен има издадено повеќе од десет албуми и голем број хитови.
Благица е активна и денес и вредно работи, а деновиве кога се појави на Роса фест ги воодушеви сите и со својот стас.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Пејачката за оваа пригода избра син фустан со спуштени раменици, а нејзиното природно деколте никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Имено, познатата пејачка и денес поседува енергија на која многу помлади колешки можат само да и завидуваат, па не случајно и многумина ја нарекуваат кралица на македонската народна музика. Но покрај фотографиите од „Роса-фест“ деновиве на социјалните мрежи хит е и една постара фотографија.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Станува збор за фотографија од нејзините помлади денови, а апсолутен хит е и нејзиниот стајлинг во ова издание.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
На фотографијата таа облечена во розово фустанче лежи на тревата, а во преден план се нејзините долги, убави нозе.
Фејсбук/ Благица Павловска
Интересна е и нејзината фризура, стилизирана според тогашните трендови, како и црната боја на коса, за разлика од сега.
Фејсбук/ Благица Павловска
Имено, Благица веќе некое време е русокоса, а многумина се согласни дека оваа боја одлично и стои и дека изгледа многу помладо со неа.
Фејсбук/ Благица Павловска
Таа отсекогаш важела за убава жена по која мажите се вртат, а тоа го покажува и оваа фотка која носи мирис на едно друго време.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Но она што многумина го забележуваат е дека Благица и денес изгледа убаво и дека е жена за која годините се само бројка.