Реклама
Наши ѕвезди

Верувале или не, но Татјана вака изгледаше како матурантка – овој детаљ сите ги изненади!

Исплива слика од младоста на познатата водителка

Реклама

И додека едни би ги запалиле сликите од својата младост, Татјана е некој што се гордее со нив, но навистина има и зошто…

Татјана Стојановска (49) важи за една од нашите најпознати и омилени водителки коа веќе три децении е присутна на нашите мали екрани. Таа е позната и по прекарот македонската Моника Белучи, а со својата природна убавина и шармот што го поседува отсекогаш била инспирација на многу дами.

Татјана својата кариера ја започна како манекенка, а во далечната 1992 година беше прогласена за Мис на Македонија.

Маркетинг

Инстаграм/ Татјана Стојановска

Таа истата година ќе добие покана од МТВ, па така ќе започне и со својата успешна телевизиска кариера која трае и ден-денес.

Маркетинг

Шармантната водителка сега се потсети на својата младост, а фотката што ја објави привлече внимание посебно заради еден детаљ.

Инстаграм/ Татјана Стојановска

Имено, станува збор за фотографија од нејзината матурска, а она што сите го забележаа е дека таа и денес изгледа речиси исто.

Инстаграм/ Татјана Стојановска

„Мала разлика, дури незабележителна“ „ со сличен стајлинг и непроменета убавина “, и порачаа нејзините фанови, посебно што Татјана се фотографираше со слична фризура.

„Денеска со ‘натурална’ фризура што многу ретко, скоро никогаш не ја носам на екран. Фризура што ја носев во младоста. Денеска сум со сличен стајлинг како од сликата за табло“, напиша оваа наша грациозна дама во коментарите под фотографиите на кои дури и слично е облечена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button