Малкумина знаат дека Татијана е во брак со наш ПОЗНАТ МУЗИЧАР и нејзин колега, а ова е нивната ќеркичка
Детали од приватниот живот на нашата позната пејачка
Татијана Стефановска пред скоро три години се оствари во улога на мајка и од тогаш ужива во мајчинството и семејниот живот.
Но покрај семејниот живот, пејачката откако се породи повторно ѝ се посвети на музиката и продолжи со својата кариера.
Таа набргу по породувањето повторно се врати во топ форма и денес изгледа дури и подобро од кога било досега, а за тоа сведочат и нејзините најнови објави на профилите на социјалните мрежи на кои блеска како модна икона.
Инстаграм/ Татијана Стефановска
Пејачката деновиве ја започна својата турнеја во Австралија заедно со момците од „Дрим тим“, а последната фотографија што ја објави од „земјата на кенгурите“ никого не остави рамнодушен.
Облечена во црн тесен фустан Татијана блескаше во ова свое издание, откривајќи дека оваа мама се уште е сон на многу мажи.
Инстаграм/ Татијана Стефановска
Никој не знаеше дека е бремена
Интересно за неа е и тоа што додека беше бремена речиси никој не знаеше, па затоа и веста дека се породила ги изненади сите.
Таа тогаш за време на бременоста вешто го криеше своето трудничко стомаче, а првите фотографии од неа, нејзиниот партнер и нивната наследничка беа вистинско воодушевување за сите.
Инстаграм/ Татијана Стефановска
Потсетуваме, Стефановска која важи за една од најпривлечните и најпосакуваните жени на нашата естрада веќе десетина години е во среќен брак со нејзиниот колега, Митко Бежаноски.
Инстаграм/ Татијана Стефановска
Круна на нивната љубов е нивната ќеркичка Ана која што ја добија во јуни 2021 година и од тогаш нивниот живот се смени за 360 степени.
Инстаграм/ Татијана Стефановска
Шармантната битолчанка со години водеше битка да се оствари како мајка, па затоа и ретко зборуваше на оваа тема.
Инстаграм/ Татијана Стефановска
Но таа денес ужива во мајчинството и никогаш не била посреќна, а за тоа сведочат и нејзините објави на социјалните мрежи.
Некои од нив погледнете во продолжение…