Еве кој ќе ја заменува Анета во „Молика“ – публиката изненадена, со новата пејачка одат на турнеја
По долги години Анета реши да започне соло кариера
На профилот на групата „Молика“ деновиве беа објавени промотивни посети од нивните следни настапи.
Иако на некои од нив се уште е Анета Љумаковска која со „Молика“ настапуваше долги години, тие ги најавија и своите нови настапи со уште една многу позната пејачка од Македонија.
Имено, Љумаковска останува со групата се додека не завршат настапите што ги имаа договорено од претходно, пред таа да реши да замине од групата и да ја започне својата соло кариера.
Фејсбук/ Молика
Па така тие имаат заеднички настап во Виена, Австрија, и тоа за 8-ми март, а деновиве пак настапуваа со една колешка на Анета.
Фејсбук/ Молика
Станува збор за пејачката Сузана Гавазова која веќе имаше неколку настапи со бендот кој веќе со децении постои на нашата сцена.
Фејсбук/ Молика
Таа ќе настапува со нив и на нивната турнеја во Австралија, а како што веќе се шушка, на групата ќе и донесе потполно поинаква енергија.
Впрочем тоа може да се забележи и од нивните настапи што ги имаа периодов како во Македонија, така и во дијаспората.
Фејсбук/ Молика
Потсетуваме, Анета Љумаковска повеќе од две децении настапуваше заедно со „Молика“, а по разводот од музичарот Џими Мицевски, кој е еден од главните членови во групата, пејачката реши да продолжи самостојно и да гради соло кариера.
Таа веќе има издадено неколку нови песни, но и бројни самостојни настапи како кај нас, така и надвор од Македонија.
Пејачката со „Молика“ ќе ги одржи сите настапи кои веќе однапред биле договорени, а еден од нив е и настапот за 8-ми Март во Виена, за кој веќе се бара влезница повеќе.