Го победи ракот и се воздигна како феникс: „Шоуто продолжува, животот оди понатаму!“
„Не сме вечни, не сме нескршливи...“
„Животот оди понатаму“
Водителката Лила Филиповска своевремено водеше тешка битка за живот од која излезе како победник.
Но додека траеше борбата со опаката болест речиси никој не знаеше дека поминува низ тежок период.
Имено, на Лила и беше дијагностициран рак, а оваа болест успеа да ја победи со својот ведар дух и со поддршка на најблиските.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Откако се излечи таа своето искуство го сподели јавно, а нејзината приказна мотивираат многу жени што ја водат истата битка.
Водителката овој пат сподели неколку снимки на кои се појавува во улога на манекенка, но и се потсети на овој период од животот.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Таа најпрво привлече внимание со својот изглед, а главниот виновник секако беше атрактивниот фустан што го носеше.
Во прашање е полу-гола креација во која Лила блескаше, а нејзиниот шарм и овој пат никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Но покрај својот изглед, Лила ги воодушеви сите и со пораката што ја напиша и ја објави во рамките на „Инстаграм приказните“.
„И да, ‘Шоуто мора да продолжи’… Точно една година од моето прво јавно појавување со фризурата која беше потсетник на едно поглавје кое ми го промени животот. Потсетник дека не сме вечни, не сме нескршливи…“, го започна своето обраќање познатата водителка.
Инстаграм/ Лила Филиповска
„И дефинитивно сфатив дека животот е таков како што го обликуваат нашите мисли! И пак ќе кажам – сé што научив во животот се сведува на три збора: Животот оди понатаму“, напиша Лила на снимката што ја сподели на својот профил на социјалните мрежи.