Реклама
Наши ѕвезди

Мики се појави на сцената и го украде шоуто – и без Цеца РАСТУРИ, ова беше најдобриот настап досега

Ова воедно беше и еден од најемотивните настапи што досега сме ги гледале во „Ѕвездите на Гранд“

Реклама

Неверојатен старт на последната емисија

Шестиот круг од натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ го отворија генијалните Алмир Делиќ и Мики Секуловски.

Тие и двајцата растурија кога се појавија на сцената, а медиумите од регионот нивниот дуел го нарекоа судир на титани.

Маркетинг

Овие два настапи воедно беа интересни и затоа што претставуваа дуел на вистински фолк-пејач и рокер, а колку беа и двајцата добри на сцената зборуваат и гласовите од жирито.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Имено, Мики беше победник во овој дуел со освоени максимални гласови, но и Алмир доби пет гласа што секако не е за потценување.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

По гласањето новата водителка Ана Севиќ направи мала грешка кога изјави дека и двајцата натпреварувачи освоиле максимален број гласови, по што Саша Поповиќ веднаш реагираше и и’ порача да погледне малку подобро, па таа се исправи.

„Заради надморската височина не видов убаво“, коментираше Ана алудирајќи на високите потпетици што ги носи.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Од друга страна Марија Шерифовиќ заборави дека во овој дел од натпреварот постои акапела, па замоли и таа да му даде глас на Алмир за да ги слушнат уште еднаш, но Поповиќ додаде дека мораат да се држат до правилата и дека нема исклучоци.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Инаку Мики во овој круг настапи со песни од „Бијело дугме“ и „Дивље јагоде“, а како звучеше погледнете и слушнете во видеото…

Потсетуваме, Мики и во претходните кругови звучеше генијално на сцената и од самото појавување важи за еден од најдобрите.

Тој е во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ која е среќна што го има меѓу своите натпреварувачи.

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Од друга страна и Мики е презадоволен од соработката со Цеца и тоа не го крие, па така во едно од неговите последни интервјуа тој откри дека Ражнатовиќ е прекрасна жена и дека е презадоволен од соработката што ја има со неа и како таа се однесува со кандидатите.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Инаку, Цеца овој круг не беше во жирито, а неа ја заменуваше Ивана Петерс која исто така беше воодушевена од Мики.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button