Водителката Елена од Сител го покажа својот сопруг – погледнете како тие изгледаа и на нивната свадба
Познатата водителка поажа кои се најскапоцените личности во нејзиниот живот со светот на возрасните
Помина прекрасен ден со најблиските
Водителката Елена Стојановска Јовановска ужива во бракот со својот сопруг Огнен со кого ја има ќеркичката Илина.
Тие веќе долги години се заедно, но водителката секогаш истакнува дека е вљубена во својот партнер како и првиот ден.
Впрочем тоа може да се забележи и од една нејзина фотографија што неодамна ја сподели на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Елена Стојановска Јовановска
На фотографијата е нејзиниот сакан сопруг, но и нејзината сестра Катерина со која Елена е многу блиска.
Инстаграм/ Елена Стојановска Јовановска
„Моите најскапоцени луѓе во возрасниот свет“, напиша шармантната водителка на фотографијата што ја сподели на Инстаграм.
Потсетуваме, водителката која веќе со години ја краси утринската програма на телевизија Сител во брачните води заплови во 2010 година. Една нејзина фотографија од свадбата се уште стои на Инстаграм, а на неа можеме да ја видиме како таа изгледаше како невеста, во прегратките на својот сакан, но и да прочитаме една интересна порака што стои во описот.
Инстаграм/ Елена Стојановска Јовановска
„Таа одбра да биде мноооогу среќна, а тој одбра да му биде интересно цел живот“, напиша тогаш Елена.
Инстаграм/ Елена Стојановска Јовановска
Како Елена изгледаше и како невеста, кога со својот сакан се заколнаа на вечна љубов, погледнете во продолжение…