Реклама
Наши ѕвезди

Мики Секуловски прв пат откри што навистина мисли за неговата менторка Цеца – ова ги изненади сите

Таа е одлична жена, вели Мики за својата менторка...

Реклама

Се уште не престануваат реакциите по генијалниот настап на Мики Секуловски во популарното талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Шармантниот велешанец со својот брилијантен настап ги освои сите, за што заслужено доби максимален број на гласови, а судејќи според коментарите на социјалните мрежи, тој веќе е прогласен за еден од најдобрите натпреварувачи за оваа сезона.

Но и покрај бројните комплименти и пофалби за својот последен настап, Мики по шоуто во интервјуто за „Гранд“ беше и самокритичен, па како што самиот изјави, задоволен е од настапот, но можел да биде и подобар.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Беше добро, но не е идеално, четири од пет би оценил“, истакна Секуловски, пренесува „Гранд.онлајн“.

Маркетинг

Мики потоа отворено зборуваше и за тоа како се однесува неговата менторка Цеца Ражнатовиќ со кандидатите, но и што мисли за неа.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Таа е одлична жена, додека не ја познавав мислев дека е непристапна, но кога се запознавме веднаш сфатив дека е поинаква и вистински професионалец“, беше потполно искрен Мики.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Мики кој по еден од своите претходни настапи откри дека до скоро живеел во Белгија каде работел како келнер, сега се потсети и на овој период од животот. Како што самиот изјави, пред да се пријави во шоуто живеел во Белгија пет години, каде заминал заради некои семејни проблеми што се случиле, но потоа решил да се врати дома и повторно да и се посвети на својата музика кариера.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И очигледно дека го направил вистинскиот избор, па сега му останува само, како што и Марија Шерифовиќ му порача по неговиот последен настап, да ги избере вистинските песни за себе и да направи лом.

А кога сме веќе кај Шерифовиќ, повеќе од сигурни сме дека Мики би растурил и кога би настапил со некоја нејзина песна или на некоја друга пејачка (замислете на пример како би звучела „Бато“ од Калиопи во негова изведба?!). Според сето она што досега можевме да го видиме во шоуто, Мики одлично се снаоѓа кога е на сцената и генијално звучи секогаш кога ќе го земе микрофонот во рацете, па можеби навистина треба да избере песни кои би претставувале вистински предизвик за него, но и со кои ќе звучи многу поразлично од сето она што досега сме имале прилика да го слушнеме во шоуто.

Што мислите вие, кои песни би требало да ги избере Мики?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button