Познатата фолк-пејачка весела како никогаш досега – гледачите нема да го тргнат погледот од неа
Со нејзината позитивна енергија ги крена сите на нозе
Пејачката имаше одличен настап во Везилка
Познатата фолк-пејачка, Стојне Николова, беше одлично расположена на дружбата со екипата од емисијата „Везилка“.
Таа најпрво објави неколку „сториња“ покажувајќи како се стокмила за овој настан, но и дека ужива во друштво на колегата Спасен Силјаноски кој оваа телевизиска емисија ја води со Адријана Алачки.
Пејачката за оваа пригода носеше црн фустан со спуштени раменици и шлиц во задниот дел, истакнувајќи ја тенката половина со црн ремен. На нозете носеше елегантни црни сандали, а косата и беше врзана во високо коњско опавче и со пуштени два предни прамени.
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Стојне објави и едно видео од кое можевме да видиме и како се забавува со екипата по неколку часовното снимање.
Како шармантната Стојне изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение…