Изгледа одлично во петтата деценија
Познатата водителка Јована Јоксимовиќ и сопруга на пејачот Жељко Јоксимовиќ сподели неколку објави и ги воодушеви сите.
Имено, шармантната водителка која важи за едно од најпознатите лица од малите екрани во регионот, но и за елегантна дама која никогаш не греши кога се стилот и модните комбинации во прашање, сега го покажа својот природен изглед.
Таа објави фотографија на која нема ни грам шминка на лицето и со својот шарм повторно го воодушеви луѓето.
Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Иако ова е еден од ретките моменти во кој можеме да ја видиме како изгледа во природно издание, без магијата на сите оние мали „стапчиња“ и трикови со кои жените си го разубавуваат лицето, многумина и порачаа дека таа и вака блеска, во своето 100 % природно издание, а нејзиното лице речиси и да нема ниту една брчка.
Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Јована на малите екрани е присутна веќе речиси 20 години, а нејзиниот изглед како воопшто да не се променил низ годините.
Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Таа и во петтата деценија освојува со својата природна убавина, а како изгледше во ова издание, погледнете во продолжение…