Ѓорѓе Давид се врати дома кај сопругата и ќерката – МУЗИЧАРОТ ЌЕ ОТКРИЕ СЕ’ ВО ВРСКА СО НЕСРЕЌАТА
Ѓорѓе денес ќе ја одржи најавената прес-конференција
Како што пренесе „Гранд.онлајн“, на Ѓорѓе Давид му биле вратени документите и тој веднаш заминал од Македонија.
На познатиот музичар кој пред две недели имаше тешка сообраќајна несреќа во Македонија во која настрада една жена, му беа одземени патните исправи како мерка на претпазливост од страна на судот и обвинителството во Куманово и тој не смееше да ја напушти државава се додека траеше истрагата.
Како што објави споменатиот медиум, тој сега се вратил во Белград и веднаш заминал во семејниот дом кај својата сопруга Ана и ќерката Сташа. „Гранд.онлајн“ исто така најави дека денес, во 16 часот, Ѓорѓе ќе им се обрати на медиумите и на прес-конференција ќе ги открие сите детали во врска со сообраќајната несреќа.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, Ѓорѓе пред две недели учествуваше во сообраќајна несреќа во која смртно настрада една 49 годишна жена.
Инстаграм
До несреќата дојде откако претходно на автопатот Куманово-Табановце се случи судир на два автомобили, од кои едниот се движел во недозволена насока.
Инстаграм
По судирот настраданата жена излегла од едниот од автомобилите и се движела по автопатот кога на неа налетал Ѓорѓе.