Ѓорѓе бесен, ова никако не можеше да го премолчи – распали на Инстаграм, во шок од она што се случи
Музичарот изнервиран од невистините што се шират за него во овие тешки моменти низ кои што поминува
Музичарот минува низ тежок период
Музичарот Ѓорѓе Давид преку социјалните мрежи објави дека немал никаков настап минатата недела во Македонија и дека таквите информации што медиумите ги објавија се невистините.
Имено, на социјалните мрежи деновиве се појави видео на кое се гледа како Ѓорѓе пее во еден локал во Македонија.
Ова видео некои портали го објавија со информација дека настапувал за време на викендот додека се уште е во нашата земја.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, по несреќата што му се случи во која што смртно настрада жена, на музичарот му беа одземени личните документи и не смее да ја напушти државата се додека трае истрагата, па се појавија информации дека тој наводно настапувал.
Фото: Инстаграм
Според овие информации, Ѓорѓе наводно го искористил времето додека е во нашата земја и настапувал во еден клуб.
Фото: Инстаграм
Но Ѓорѓе веднаш реагираше и ги демантираше овие неточни информации, тврдејќи дека станува збор за лажна вест.
Видеото од неговиот настап беше објавено и на Инстаграм со наслов „Ѓорѓе Давид и невиден спектакл“, но сега од клубот се огласија и објаснија дека снимката е направена порано, пред да се случи несреќата во која што настрада едно женско лице.
Фото: Инстаграм
„Оваа слика е направена на 16 декември минатата година кога на гостувањето на Јоце Панов во нашиот клуб како почесен гостин беше и Ѓорѓе Давид. На големо инсистирање на публиката Ѓорѓе испеа неколку песни како голем доказ на љубовта кон таа публика која што таа вечер беше воодушевен. Ние како клуб одговорно тврдиме дека оваа слика е направена многу пред несреќниот и трагичниот настан што се случи минатата недела. Искрено и од срце му даваме полна поддршка на Ѓорѓе Дави во докажување на невиноста. Длабоко жалиме за изгубениот живот и сметаме дека ваквите работи не можат да користат ни во еден случај“, беше наведено во описот на фотографијата.