Реклама
Новости

Познатата пејачка распали по Ѓорѓе Давид, ова не го очекуваше од него: „Како не ти е срам?!“ (видео)

Поповиќ мораше веднаш да реагира...

Реклама

Во последната емисија од „Ѕвездите на Гранд“ Армин Зукиќ и Даниел Трајковиќ го скараа жирито.

Имено, тие и двајцата имаа настапи кои беа под очекуваното, по што Армин одвај освои четири гласови, а Даниел само три.

Потоа речиси сите претставници на стручното жири се согласија дека овој пат и двајцата не биле добри, а Саша Поповиќ бидејќи забележи дека Армин на грандиозната сцена се појави „истрошен“ го интересираше дали настапува и приватно и дали има тезги, на што младиот натпреварувач му одговори:

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Скоро секој ден пеам, имам два дена во неделата пауза“, призна Армин, по што следуваше брутална критика од Ѓорѓе Давид.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Се брукате себеси на стејџот, а не мене, во оваа ситуација“, им порача рокерот, но овој коментар не и се допадна на Ана Бекута која веднаш остро реагираше на навредите на нејзиниот кандидат.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Како бре не ти е срам?!“ го праша Бекута, по што се вклучи и Саша Поповиќ, кој сакаше да ја смири ситуацијата.

„Не брука тој никого, немој така да зборуваш“, изјави тој.

Музичарот се врати во Белград

Потсетуваме, Ѓорѓе неколку дена мораше да остане во Македонија по несреќата во која со својот автомобил налета на жена.

Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди од кои почина, додека Ѓорѓе беше полесно повреден.

Инстаграм/ 192.рс

Како што е утврдено според истрагата до несреќата дошло откако најпрво две возила, од кои едното се движело во недозволена насока на автопатот Куманово-Табановце, имале судир. По несреќата, сопатничка од едното возило го напуштила автомобилот и се движела по автопатот, па на неа налетал музичарот и ја прегазил со својот автомобил.

По несреќата на Ѓорѓе му беа одземен пасошот како мерка на претпазливост, за да биде достапен за време на истрагата. Како што пренесе порталот „Скопје1“, судијата не побарал мислење од обвинителот за замена на мерките, туку само донел одлука со која на музичарот му е вратен пасошот.

Инстаграм/ Ѓорѓе Давид

Тој сега ќе треба еднаш месечно да се јавува во кумановскиот суд, се додека целиот случај не биде целосно завршен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button