Лила во најтесниот фустан што сме ја виделе досега – водителката со овој детаљ го украде шоуто
И Коко Шанел би и позавидела на ова издание
Водителката во уште едно „брутално“ издание
Омилената македонска водителка Лила Филиповска позираше во смело црно издание со кое никого не остави рамнодушен.
Облечена во претесен црн фустан познатата водителка на „Сé или нешто“ ги истакна до максимум своите облини, а целото издание го зачини со фантастична залижана фризура и црни штикли.
Поприлично впечатлива беше и нејзината шминка, а погледот го привлече и масивната огрлица со бисери и пердуви.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Впрочем фокусот беше на овој дел од нејзиното тело како заради раскошното деколте, така и заради ова необично парче накит.
„Кралица“, „Лила, преубава си“, „Згодна дама“, беа само некои од коментарите што водителката ги доби за ова свое издание.
Инстаграм/ Лила Филиповска
А сите оние што сакаат да видат уште еден нејзин црн стајлинг со кој исто така направи хаос на интернетот, кога на една реклама што ја објави на својот профил на социјалните мрежи носи кусо црно здолниште и полу-проѕирна блуска од тантела, погледнете во продолжение.