Ги испеа најголемите хитови, па се повлече – еве што работи денес Верица Пандиловска
Некогашната македонска пејачка се повлече од естрадниот живот, а сега откри што работи.

Верица Пандиловска беше една од најуспешните македонски пејачки, а нејзините песни беа секогаш на врвот на македонските топ-листи.
Максимално се вложуваше во својаа кариера и таа е една од ретките кои може да се пофали со квалитетни и скапи видео записи.
ФОТО: Фејсбук / Верица Пандиловска
„Бело знаме”, „Кучкин син”, „Нема зошто”, „Без здив” се само дел од многуте хитови со кои пораснаа неколку генерации.
Препознатлива е по својот специфичен глас со кој уште со самото појавување ја освои публиката.
ФОТО: Фејсбук / Верица Пандиловска
Верче како што многумина ја нарекуваат, веќе извесно време живее мирен и спокоен живот далеку од очите на јавноста.
Иако не настапува по клубови и емисии, понекогаш добива идеја да сними нешто ново за својата публика.
ФОТО: Фејсбук / Верица Пандиловска
Верче е активна и на социјалните мрежи, а од фотографиите може да се забележи дека воопшто се нема променето и времето како да запрело за неа.
Верица е основач и претседател на „ЕУ ИНСТИТУТОТ Скопје“ и често држи предавања на разни теми во повеќе градови во Македонија.
Повеќе нејзини фотографии погледнете во продолжение: