Бизнис жена и потпретседател на фудбалки клуб – ова е сестрата на Костадинов
Освен што прекрасно изгледа, сестрата на градоначалникот на Струмица е и успешна млада жена.

Сестрата на Костадин Костадинов, Тања Милушева доби нова функција и се пофали на социјалните мрежи.
Костадин Костадинов беше избран за градоначалник на Струмица на локалните избори кои се одржаа на 17 октормври 2021 година.
ФОТО: Фејсбук / Костадин Костадинов
Негова најголема поддршка е неговото семејство.
Татко му за жал, повеќе не е меѓу нас, но градоначалникот е исклучително близок и со својата мајка и со својата сестра.
ФОТО: Фејсбук / Костадин Костадинов
На нивните социјални мрежи може да се забележат многу нивни заеднички фотографии.
И двете се успешни во своите професии, а воедно и дами со стил.
ФОТО: Фејсбук / Костадин Костадинов
Од Фудбалскиот клуб „Беласица“ соопштија дека сестрата на Костадинов, Тања Милушева е нова потпретседателка на клубот.
Желбата на Тања, која е успешна бизнис-жена, е ФК „Беласица“ повторно да се врати на врвот во македонскиот фудбал.
ФОТО: Фејсбук / Костадин Костадинов
„Јас сум среќен и горд благодарен на Бога човек што имам сестра како мојата Тања Милушева Костадинова.
Жена борец, жена спремна да одговори на предизвици од кои многу мажи би побегнале“, напиша Костадинов за својата сестра и нејзината нова функција.