Таа е негова кралица: Сопругата на македонскиот пејач е убава како барбика
Сопругата на македонскиот пејач никој не остава рамнодушен со својата убавина.

Димитар со романтична порака ѝ го честиташе роденденот на својата сакана.
Пејачот Димитар Андоновски не се штеди кога се во прашање романтичните објави поврзани со неговата сопруга Христина.
ФОТО: Инстаграм / Димитар Андоновски
Нормално, кога покрај себе има вистинска убавица.
Христина по професија е наставни по историја, а Димитар многупати за неа има кажано дека е жена, мајка и кралица.
ФОТО: Инстаграм / Димитар Андоновски
Повеќе од деценија се заедно, а плод на нивната љубов се нивните синови Михаил и Гаврил.
Димитар обожава слободното време да го поминува со своите најблиски, а честопати и на социјалните мрежи знае да сподели семејни фотографии.
ФОТО: Инстаграм / Димитар Андоновски
Неговата сопруга не сака многу јавно да се експонира, но мора да се признае дека изгледа како модел.
Таа деновиве славеше роденден, а Димитар ја искористи приликата и јавно да ѝ честита.
„Среќен 29 ти роденден Тинче. Фала му на Бога што си дел од мене и си мојата најголема поддршка.Ти си мојата кралица да ми си здрава и жива“, напиша тој во опис на нивната заедничка фотографија.