Цеца се топеше додека Мики пееше, а потоа следуваше изненадување што ќе ве остави без зборови
Мики Секуловски од Цеца доби покана што не се одбива
Велешанецот Мики Секуловски (36) продолжува да реди успеси во популарното талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Со своите неверојатни вокални способности Мики ги освои сите уште со своето прво појавување на грандиозната сцена, а повеќето од претставниците на жирито веднаш му порачаа дека тој веќе е ѕвезда.
Така беше и во последната емисија кога тој буквално растури на сцената, а Светлана Цеца Ражнатовиќ не го крие задоволството што има еден ваков генијален и талентиран пејач во својот тим.
Фото: Принтскрин/ Гранд.онлајн
Од друга страна и самиот Мики е изненаден од тоа како Цеца работи со своите кандидати, па по емисијата изјави:
„Цеца е супер личност, јас не очекував таа мене да ме почитува, таа е веќе бренд на Балканот. Не очекував толку пријателски да е настроена кон своите кандидати, да помага и да дава сугестии, така што пријатно сум изненаден од неа“, изјави шармантниот велешанец, а потоа го коментираше и тоа што неговата менторка Цеца изјави дека тој ќе и’ биде гостин на некој од следните концерти.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
„Дај Боже, не знам. Едноставно ми е чест. Сите знаеме која е Цеца, што е таа на овие простори, така што ако се пружи прилика да бидам гостин на нејзиниот концерт, ќе ми биде чест и задоволство“, вели Мики.
Секуловски исто така откри дека за својот последен настап планирал да пее други две песни, но заради авторските права морал во последен момент да го смени репертоарот.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Сепак и покрај тоа што имал многу малку време за вежбање, тој вели дека е задоволен од настапот, а колку беа задоволни и сите останати можевме да видиме и во шоуто.
Водителот му порача дека е еден од ретките натпреварувачи кои уште од првата емисија сите претставници на жирито му порачуваат дека е еден од финалистите, а Мики не крие колку му значат нивните позитивни коментари, но и поддршката што ја добива од фановите како од Македонија, така и од целиот регион.
Потсетуваме, Мики во последната емисија заедно со Мирза Чаушевиќ настапија први, кога тој победи во дуелот.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Од неговиот настап беа воодушевени сите, а посебно менторката Цеца која толку беше возбудена што цело време се топеше додека Мики пееше, а по настапот излезе на сцената го прегрна и бакна.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Повеќе за ова прочитајте тука, а како изгледаше и како звучеше Мики тогаш, погледнете и слушнете во продолжение…