Посебен ден во домот на македонската водителка – честитки се нижат, а таа е најсреќна
Македонската водителка соопшти прекрасни вести, па веднаш почнаа да се нижат честитки на социјалните мрежи.

Ќеркичката на Александра Пановска Илиевска слави роденден, па водителката покажа и каква торта добила малата Сара.
Александра е една од најдобрите водителки кај нас и долги години е препознатливо ТВ лице.
ФОТО: Инстаграм / Александра Илиевска
Досега има работено на повеќе ТВ проекти, на различни фрекфенции, а долги години веќе е дел од утринската програма на Канал 5 телевизија.
Делува скромно и остава впечаток на сталожена и смирена личност.
ФОТО: Инстаграм / Александра Илиевска
Вљубеник е во модата и ги следи трендовите, но го негува спортско – елегантниот стил и не е тип кој сака да привлекува внимание со голотија.
Активна е и на социјалните мрежи и е една од повлијателните личности кај нас.
ФОТО: Инстаграм / Александра Илиевска
Освен на работата, посветена е и на семејството.
Неколку години е во среќен брак со сопругот Александра, а плод на нивната љубов е ќеркичката Сара, која ја добија пред 3 години.
ФОТО: Инстаграм / Александра Илиевска
По повод третиот роденден на малата Сара, Александра се огласи на Инстаграм и откри каква торта од хартија нарачала за својата наследничка.
Како и секое девојче, така и Сара, ја обожава приказната за Елза, па токму таква торта и добила.