Непоправлив романтичар – погледнете како Даниел Кајмакоски ја изненади сопругата за годишнината
Македонскиот пејач ја покажа својата романтична страна и ги воодушеви своите следбеници.

Даниел ја изненади својата сакана за годишнината од брак.
Пејачот Даниел Кајмакоски ужива во татковството и заедничкиот живот со својата сакана.
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
Даниел долги години живее и работи во Белград и својата кариера продолжи да ја гради таму.
Публиката го запозна со учеството во регионлното музичко шоу Икс-фактор Адриа, каде уште на самата аудиција ја освои публиката и стекна огромна популарност.
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
По учеството во Икс-фактор неговата кариера тргна во нагорна линија. Веднаш сними неколку песни и почна да настапува ширум Балканот.
Од првиот брак со пејачката Кристина Димитриевска го има синот Давид, кој денес живее заедно со Кристина.
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
Иако долго време го криеше својот приватен живот, Даниел минатата година соопшти новости поврзани со својот приватен живот.
Тој стапи во брак со својата сакана Марина, која работи како анастезиолог.
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
Даниел и Марина пред неколку месеци го добија своето прво дете, Стефан.
По повод годишнината од брак, Даниел ја изненади Марина со огромен букет цвеќе.
Изненадувањето го сними, па видеото го сподели на социјалните мрежи.