Неразделни пријатели: Се појави стара фотографија од Спасе и Лила – погледнете како изгледаат
Познатата македонска водителка сподели стара фотографија од неа и нејзиниот најдобар пријател.

Лила Филиповска и нејзиниот пријател и соработник, водителот Спасе Јовановски се неразделни пријатели со години.
Каде и да оди, што и да прави Лила, нејзин придружник секогаш е нејзиниот најдобар пријател Спасе.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
И во добро и во зло, Спасе секогаш стои зад неа.
„Ти си мојот панцир, мојата стена, мојот ангел чувар, моја душа, моја ѕвездетина,мој сопатник од гејт до гејт , мојот соборец ,сјај кога е мрачно … боже чувај не од зло“, напиша Лила во една прилика за него.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
И двајцата обожаваат да патуваат и често на најубавите дестинации во светот одат заедно.
Освен што е водител на временската прогноза на Сител телевизија, Спасе е и ПР на Лила.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
И тогаш кога буквално сѐ е против неа, Спасе ѝ ја дава својата безрезервна поддршка.
Долго се познаваат и се дружат, а доказ за тоа е и оваа фотографија, која Лила ја сподели на Инстаграм.
Фотографијата е направена пред 13 години и на неа се гледа како двајцата пријатели се забавуваат во секоја прилика.