Среќа во 13 кила – погледнете колку порасна наследникот на Стефан Богоев
Честитки пристигнуваат од сите страни до семејството на македонскиот политичар.

Потпретседателот на СДСМ секојдневно ужива во својата нова улога – татко.
Стефан Богоев и неговата избраничка Ивана, пред две години го добија најдобриот подарок – синот Лука.
ФОТО: Инстаграм / Стефан Богоев
Инаку, сопругата на Богоев е дипломиран политиколог, а се занимава со мода, козметика и здрав живот.
Претходно беа 9 години во врска, а Стефан одлучи да ја запроси токму на нејзиниот роденден.
ФОТО: Инстаграм / Стефан Богоев
На нивната свадба присуствуваа голем број јавни личности, а за одличната забава се зборуваше со денови после свадбата.
Стефан е еден од ретките политичари кои на своите социјални мрежи понекогаш споделува и фотографии од семејните моменти.
ФОТО: Инстаграм / Стефан Богоев
Секој слободен момент тој го користи да го помине со малиот Лука.
Лука наполни 2 години, а неговите родители одлучија да му направат голема роденденска забава.
ФОТО: Инстаграм / Стефан Богоев
Гордиот татко сподели и фотографија од роденденот, а во опис напиша:
„Лука – среќа во 13 кила вреќа“.