Македонската фолкерка ужива на рајот на земјата – од убавината ќе ви застане здивот
Македонската фолк-пејачка замина на одмор во јануари.

Фолк-пејачите Татајана Лазаревска и Новица Василевски веќе долги години живеат и работат во далечната Австралија.
Иако во Македонија беа доста успешни и ангажирани, пејачите сепак се одлучија да заминат од овде и ја избраа Австралија.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Тања и Новица таму заминаа заедно со своите синови Петар и Стефан, а многу брзо откако се преселија си купија и своја куќа.
Според она што го објавуваат на социјалните мрежи може да се заклучи дека семејството ужива во секој ден од животот.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Секој слободен момент го користат да го поминат заедно и сите четворица се многу поврзани.
Деновиве во Австралија пристигна и мајката на пејачката, па заедно со неа одлучија да заминат и на одмор.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Во Австралија сега е лето, па семејството го искористи сонцето да ужива покрај плажа.
Тања сподели фотографии и видеа од одморот на кои позираше во бикини.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
За оваа жена годините се само бројка и од година во година изгледа сѐ подобро.
Задоволна е од својот изглед и никогаш нема проблем да покаже како изгледа и без грам шминка.