Наши ѕвезди

Маја Оџаклиевска со совет до жените: „Кога ќе ја поминете 50-тата годините побрзо поминуваат“

Македонската поп-дива испрати силна порака до сите жени.

Advertisement

Маја беше синоним за убавина и една од најуспешните македонски пејачки, а денес ужива во својата пензија.

Својата музичка кариера Маја ја започна уште на свои 15 години, а денес може да се пофали со безвременски хитови, многу успешни концерти и освоени награди.

Advertisement
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

Меѓу најголемите хитови на Маја Оџаклиевска се: „Многу солзи“, „Шила“, „Лиду лидуду“, „Не допирај ме“, „Биди добар како што сум јас“, „Среќо кажи“, „Само сеќавања“, „Сребрени улици“.

Нејзиниот неверојатен глас и талент за музика ѝ донесе популарност на целата територија на поранешна Југославија.

Advertisement
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

Со својата убавина никој не оставаше рамнодушен, а во неа беа заљубени и многу познати личности, меѓу кои и Бора Чорба.

Мајка е на ќерките Теа и Андреа, а баба е на три внучиња.

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

Целиот живот им беше посветена на децата и кариера, а денес ужива во својата пензија и живее во Белград.

Понекогаш гостува во некои од српските емисии, а сега испрати и силна порака до сите жени.

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

„Мислам дека пред сѐ жената мора да има одредена доза на самосвесност, за во еден момент да престане да ги брои годините, особено кога тие рапидно се нижат.

Во младоста годините бавно минуваат, па најчесто младите велат „да барем имам 25 години, ќе правам ова или она“.

Кога ќе наполните 50 тогаш си велите нека останат 50. Меѓутоа од 50 до 60 не сте ни трепнале, а времето поминало“, изјави Маја за Блиц ТВ.

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button