Бумбарот и пчелката – погледнете како изгледале познатите македонски водители пред 10 години
На социјалните мрежи исплива фотографија од популарните македонски водители направена пред 10 години.

Ведрана Ѓорѓевиќ и Димитар Атанасовски се едни најпопуларните македонски водители и честопати се случувало токму тие двајца да водат различни манифестации и емисии во земјава.
И двајцата својата водителска кариера ја започнале уште многу млади, а се познаваат уште од деца.
ФОТО: Инстаграм / Димитар Атанасовски
Во една прилика Димитар сподели и нивна заедничка фотографија додека оделе во основно училиште и кога и двајцата биле дел од една драмска точка.
„Чепкајќи дома по слики и албуми, конечно ја најдов една слика што на милион интервјуа ја имам спомнато…
Приредба по повод патронатот на основното Страшо Пинџур, на која што имавме драмска точка со другарите од истото одделение (тука сме мислам петто или шесто), меѓу кои и Ведрана Ѓорѓевиќ.
Уште од тогаш покажувавме желба за сцена за после десетина години, да се споиме во неколку сериозни тв проекти“, напиша Димитар.
ФОТО: Инстаграм / Димитар Атанасовски
Деновиве Ведрана сподели нивна заедничка фотографија направена пред 10 години, кога биле водители на популарниот музички натпревар „Сите наши песни“.
„Пред 10 години. Бумбарот и пчелката“, стои во опис на фотографијата.