Цаци од ТВ Сител никогаш не изгледала поубаво – водителката им одржа лекција на своите колешки
Цаци ги изненади сите со ова свое издание
Славица Арсова важи за една од најпознатите и омилените водителки која веќе со години ја гледаме на вестите на телевизија Сител.
Цаци привлекува внимание и со својот изглед, а важи за една од оние јавни личности за кои не се врзуваат скандали.
Веќе со години ја гледаме на нашите мали екрани, секогаш елегантно облечена од глава до пети, а така беше и овој пат.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Сител
Имено, шармантната водителка неодамна во студиото на Сител се појави во црвено од глава до пети, покажувајќи безвременска деловна комбинација што секоја жена би можела да ја „позајми“.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Сител
Таа за оваа пригода избра панталони и сако во црвена боја под која носеше бела блуска, а косата и беше врзана во висока пунџа.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Сител
Водителката целото издание го зачини со елегантни високи потпетици и суптилна шминка, а во галеријата погледнете како изгледаше во ова издание кое е совршен избор за овој период од годината.
Инаку, ваквите модели на сакоа ги обожаваат жените од сите возрасти и кај нас, а црвената боја е суперефектна и одлична за комбинирање.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Сител
Одличен избор се и идентичните модели на сакоа во зелена и сина нијанса, како и потемните модели кои се вистински избор за зимските денови што се пред нас. Можете да ги носите во комбинација со панталони во иста нијанса, како што тоа го направи Славица, но и да си поиграте со боите или да ги изберете вашите омилени фармерки и да заокружите со штикли или рамни обувки.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Сител
Ваквите сакоа можете да ги носите дури и со патики, а неколку тренди парчиња од познатите брендови погледнете во продолжение…