Цело Скопје се вртеше по неа – пејачката НИКОГАШ НЕ ИЗГЛЕДАЛА ПОЖЕШКО, ја крена температурата
Познатата скопјанка во издание со кое сите ги воодушеви
Еве како можете да носите тантела оваа сезона
Нашата позната пејачка Антониа Гиговска се појави од глава до пети облечена во тантела и никого не остави рамнодушен.
Станува збор за црн, тесен комбинезон кој оваа новопечена мама го носеше со црно мини здолниште од кожа и на преклоп, а целото ова „еротично“ издание го заокружи со тенки, црни високи потпетици и кармин во страсна црвена нијанса.
Гиговска која пред неколку месеци се породи и го роди своето прво дете никого не остави рамнодушен со ова свое издание под кое напиша „И јас знам да бидам дама“, а многумина во коментарите под објавата и’ порачаа дека никогаш не изгледала подобро.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Пејачката кога се појави на сцената веднаш ја „подигна“ температурата, а слично издание носеше и пред неколку дена, само во црвена боја.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Гиговска тогаш носеше и преубав капут, а како изгледаше и во ова свое издание, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Инаку, ваквите креации се апсолутен хит за оваа сезона, а покрај комбинезоните во тренд се и фустаните од тантела.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Многу познати дами полудеа по ваквите чипкани детали, а како тие го носат овој романтичен и секси материјал, погледнете тука.