Цеца со новата песна за Џеј направи „хаос“ – гори интернетот, пејачката прв пат во вакво издание
Еве што вели Цеца за новата песна
Цеца досега вакво нешто нема направено
Популарната фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ ја сними песната „За крај“ за филмот „Недела“ посветен на нејзиниот починат пријател и колега, легендарниот Џеј Рамадановски. Оваа песна пред 10 години ја напиша Марина Туцаковиќ, која исто така е почината и со која Цеца долго време соработуваше, па балканската фолк-дива за медиумите изјави дека едноставно не можела да ја одбие понудата иако досег нема ниту една песна снимено која не е направена наменски, односно за нејзиниот репертоар или албум.
Музиката и аранжманот се на нејзиниот долгогодишен соработник Александар Радуловиќ Фута, а текстот на неговата покојна сопруга.
Фото: Филм Недела
Цеца објаснува дека песната носе една длабока емоција, каква што имале Марија и Џеј и дека никого нема да остави рамнодушен.
„Исто како што беше случајот и со повеќето песни на Марија, но и на Џеј. Можеби ова ќе биде прв пат во мојата кариера да пеам песна која нема никаква сличност со мојот приватен живот, бидејќи како што е познато Марина сите песни ги има напишано по случки од мојот живот“, вели Цеца за медиумите по објавувањето на песната.
Фото: Филм Недела
Како звучи Цеца во овој свој нов хит, слушнете во продолжение…