Пејачот Спасен Силјаноски моли за помош преку социјалните мрежи – загрижен е за неговиот болен пријател
Пејачот јавно побара помош како би му помогнал на својот пријател да ја победи тешката болест
Пејачот Спасен Силјаноски на својот Фејсбук профил објави тажна порака со која потресе многумина од своите фанови.
Имено, познатиот фолк-пејач преку својот Фејсбук профил замоли за помош на еден негов пријател од Кичево.
Како што сподели Спасен со јавноста, неговиот пријател Владо Симјаноски треба да направи операција на десното белодробно крило бидејќи му е дијагностициран рак.
Фото: Принтскрин
Тој моментално се наоѓа во болница во Турција, но за понатамошно лекување неопходни се парични средства, па пејачот ги замоли фановите да му излеат во пресрет, кој колку може.
Еве што напиша Спасен на социјалните мрежи:
„Драги пријатели, Владо е еден од најголемите и најчесните патриоти кој што сум ги запознал…Јас лично од мое име ве замолувам на сите кои сте во можност да помогнеме секој колку што може“.
„Владо е потребен на своето семејство и своите две деца, Владо е потребен на Македонија“, напиша Спасен на Фејсбук како коментар на објавата на сестрата на неговиот пријтел, Цаци Аврамовска која замолува за помош на нејзиниот брат кој се наоѓа на лекување во болница во Турција.
Фото: Принтскрин
Трансакциска сметка
Ве замолуваме, доколку од било каки причини не сте во можност да помогнете со финансискки средства барем споделете како оваа информација би стигнала до што поголем број на луѓе. Ви се заблагодаруваме однапред, од се’ срце.